Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје и Министерството за култура го организира 25. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.
ДКЦ „Карпош“ ќе биде домаќин на фестивалот на кој ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Русија, Украина, Србија, како и домашните ансамбли: Фолклорно студио „Блажевски“, КУД „Орце Николов“, КУД „Етнос“, КУД „Илинден“-Битола, ансамбл „Македонија“ и фолклорната група од ДКЦ.
Фестивалот вечер во 18.30 часот свечено ќе биде отворен на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, а утре во 18 часот на истото место ќе биде и затворањето на фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.