Архитектот Мартин Гулевски е добитник на годишната награда „Андреја Дамјанов“ за 2015 година. Ова признание секоја година се доделува за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството кај нас.
Во изборот на добитникот, учествувала петчлената Комисија за доделување на наградата за 2015 година во состав: Вера Ќосевска, претседател на комисија, Искра Ефремова, проф. Влатко П. Коробар, Миодраг Митровиќ и Ѓоко Радовановиќ.
Промоцијата на добитникот под покровителство на Министерството за култура на РМ и во организација на Асоцијација на архитекти на Македонија ќе се одржи во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје на 19 ноември (четврток) со почеток во 19 часот.