„Македонски Стар и Нов завет“ – најдобра поема за 2016

Од:

„Македонски Стар и Нов завет“ на авторот под шифра „Библија“ е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2016 година, што секоја година ја доделува Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Комисијата ја избра поемата „Македонски Стар и Нов завет“ за најдобра во конкуренција на дваесет пријавени трудови, а во најтесен избор покрај неа уште влегле и поемите „Слово горко непремолк“ под шифра „892000“ и „Армагедон“ под шифра „Кузман Капидан“.

Според стручната комисија, текстот на поемата „Македонски Стар и Нов завет“ се издвоил од преостанатите трудови со лирско-епското пеење поставено на повеќе нивоа, каде низ тонските созвучја одгласува простумот на татковината низ временските длабочини.

– „Македонски Стар и Нов завет“ е поема која во себе ја вплотува драматичноста на времето и драматиката на опстојбите низ долгата низа македонски векови. Протекот на дејствието, кој надоаѓа од високите врвови на егзистетот на родот понесува со својот полифоничен одглас на каскадната буица низ спектарот на тонови и бои со силна ерупција на метафори. Таа е една кратка, збиена историја на битот на татковината што во целата широчина ги отвора големината на просторот и длабочината на времето од кои пулсира живата енергија на настаните. Кохерентна градба на естетска хармонија низ лирско и епско созвучје, стои во соопштението.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ што се одржува во Охрид во знак на сеќавање на македонскиот книжевен великан, преродбеникот Григор Прличев.

Манифестацијата „Пличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет, кој почина на 4 февруари пред 124 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“. „Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид, што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска