Македонски поети во антологија на европската поезија објавена во Словенија

Од:

Меѓународниот Лирикон-фест од Велење, Словенија, деновиве објави антологија на европската поезија насловена „Планети со сопствена светлина”, во која се застапени и современите македонски поети – академик Ристо Василевски, Игор Исаковски, Никола Маџиров и Марта Марковска.

Како што известува издавачот, „во антологијата се застапени водечките современи поети од Европа, а врз преводите на нивната поезија работеле четириесет и еден преведувач.”

Се работи за обемна антологија во која на 470 страници се застапени вкупно сто поети. Покрај македонските поети застапени се и истакнати поетски имиња од уште дваесет европски земји: Австрија, Германија, Велика Британија, Франција, Полска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција, Италија, Унгарија, Црна Гора, Холандија, Литванија, Словачка, Чешка и Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Промоција на збирката „Одглас“

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска