Македонски автори во меѓународното списание „Модерна литература“

Од:

Поезија од Јовица Тасевски–Етернијан беше објавена во интернационалното списание „Модерна литература“ (Modern Literature), кое е фокусирано на најновите трендови во современата светска книжевност и има за цел на читателите да им ги претстави глобалните тенденции во поезијата и прозата.

Во објавениот прилог е наведено дека Јовица Тасевски–Етернијан е истакнат поет, книжевен критичар и есеист од Република Македонија чии поетски достигнувања се меѓународно признати и дека ја има добиено наградата „Восхитувачки поет“ за исклучителен придонес во поезијата.

Истовремено, од редакцијата се истакнува дека песните на Етернијан „донесуваат уникатна атмосфера и визија на светот, недопрени од светските превирања; тие бараат сосредоточено внимание за да се разоткријат нивните скриени значења“.

Во истото списание претходно беше објавен извадок од романот „Но-уи“ на Лидија Димковска што на англиски јазик го преведе проф. д-р Кристина Крамер.

Во белешката за Димковска, пак, се истакнува дека таа има добиено повеќе награди, вклучувајќи ја и Наградата за литература на Европската Унија, како и дека освен романи има објавено и неколку поетски книги. Романот „Но-уи“ беше избран за македонски кандидат за престижната награда „Балканика“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска