Македонска премиера на монодрамата „Приказна за пијанистот на океанот“ со актерот Јачев

Од:

Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржува во Битола, денеска е во знакот на македонската премиера на монодрамата „Приказна за пијанистот на океанот“ од Алесандро Барико која ќе ја изведе актерот Владимир Јачев.

Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола појаснува дека во монодрамата Јачев се јавува и како режисер со што се исполнува еден од концептите на фестивалот, односно да се поттикнува продукција на монодрами со домашни актери.

– За нас како домаќини и организатори на фестивалот од исклучително значење е да поттикнуваме продукција на монодрами кои премиерно ќе бидат изведувани во Битола како што тоа вечерва ќе биде со монодрамата на МНТ-Скопје и актерот Владимир Јачев. И, тоа е навистина многу добро за овој уникатен, специфичен, атрактивен, квалитетен, професионален и разновиден фестивал, посочи Димитровски.

Во рамки на фестивалот, а надвор од конкуренција, вечер на публиката ќе и биде понуден уште еден македонски производ одноно дипломска претстава во класата на професорот Дејан Пројковски од ЕСРА Универзитетот во Скопје.

Станува збор за претставата „Љубовникот“ од Харолд Пинтер во режија на Ирена Стеријовска во која играат Теоман Максут и Анкица Бенинова, информираат организаторите на фестивалот во Битола.

Во натпреварувачкиот дел од програмата во 18 часот актерот Мехер Авахари од Тунис ќе ја изведе монодрамата „Сизиф“, додека пак во 22 часот ќе настапи актерот Хауард Рип од Израел со монодрамата „Гимпел лудиот“. Петнаесетото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама завршува утревечер со доделување на наградата Гран При, а во чест на наградените Театар Комедија од Скопје ќе ја изведе претставата „Женидба“ од Гогољ во режија на Дејан Пројковски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска