„Мајки“ на Манчевски на фестивал во Франција

Од:

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски вечерва ќе биде прикажан на 19. Меѓународен филмски фестивал во Нанси – Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

„Мајки“ ќе биде прикажан на завршницата од фестивалот, како награда за фестивалската публика во селекцијата на европски документарни филмови. Публиката од Нанси ќе може да го проследи и најновиот кусометражен филм на Манчевски, „Четврток“, којшто премиерно беше прикажан на фестивалот во Венеција.

Фестивалот во Нанси е посебно значаен за Македонија оваа година, бидејќи претставува два македонски филма „Мајки“ на Манчевски и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. Тоа беше нивно прво прикажување во Франција, титловани на француски јазик. На фестивалот беше прикажана и копрудукцијата „Парада“.

Вечерва ќе бидат доделени и наградите во официјалната натпреварувачка селекција во кусометражни филмови, за која беа понудени над 1.600 филмови од сите страни на светот, исто како и на првата официјална селекција на европски документарни филмови.

– МФФ Нанси-Лорен е фестивал, кој 19 години е свртен кон земјите од Централна и Источна Европа, односно сите оние земји кои се нови членки на ЕУ беа пропратени преку нивни филмови од 1995 година до денес во нивната евроинтеграција. Тоа сега се случува и со земјите од Балканот, посебно со Македонија, изјави претседателот на фестивалот Тони Гламчевски.

Претходните години на овој фестивал беа прикажани и филмовите „Пред дождот“, „Јас сум од Титов Велес“, како и повеќе документарни филмови од Македонија. Покрај филмовите од македонски режисери на 19. фестивал беа прикажани 150 филмови од 43 земји. Една од спецификите на овој фестивал е селекцијата на кусометражните филмови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“