Македонскиот пијанист Симон Трпчески вечер ќе настапи пред една од најреномираните европски музички сцени Берлинската Филхармонија под диригентската палка на рускиот диригент Дима Слободењук.
Во придружба на маестро Трпчески ќе бидат Берлинскиот радио филхармониски оркестар и трубачот Флориан Дерфолц, а на програмата се дела од Дмитри Шостакович и Сергеј Прокофјев.
Берлинската филхармонија е основана во 1882 година и важи за една од најдобрите европски и светски концертни сцени која соработувала во врвни музички имиња како Херберт Фон Карајан, Леонард Бернштајн и други.