Лондонскиот театар „Глоуб“ на турнеја во 200 земји со „Хамлет“ и Вилијам Шекспир

Од:

Лондонскиот театар „Глоуб“ се подготвува за голема светска турнеја, во 200 држави на сите континенти, со трагедијата „Хамлет“ на Вилијам Шекспир.

Овој амбициозен театарски проект се организира во чест на два големи годишнини поврзани со Шекспир – 400 години од смртта на најголемиот англиски драматург, што се навршува на 23 април 2016 година, како и 450 години од раѓањето на авторот, што ќе се одблежува идната година.

Уметничкиот директор на „Глоуб“ Доминик Драмгол го нараче проектот „восхитувачки и возбудлив“, откривајќи дека театарот ќе помине на обиколка низ светот околу две години, при што последната претстава би се прикажала на 23 април 2016 година.

Замислено е едни исти актери да се појават во сите претстави на „Хамлет“. Продукцијата на театарот на оваа шекспирова трагедија веќе е прикажана во Германија и во САД, но замислата е сега да се посетат и земји каде гледачите, никогаш досега не виделе професионална изведба на една драма на Вилијам Шекспир.

Според уметничкиот директор Драмгол, проектот за турнеја со која ќе се посетат, безмалку сите држави во светот, претставува надградба на минатогодишниот проект, што беше означен како „Глоуб ту Глоуб“. Со него, на лондонската сцена на овој театар, беа прикажани сите 37 претстави на Шекспир, но изведени на 37 различни јазици во светот.

Во театарот се уште не се определни сите земји каде ќе се појави „Глоуб“ со Хамлет, но се верува дека во Европа ќе бидат посетени сите држави.

Шекспир е роден на 23 април 1564 година, во англиското место Стратфорд-он-Ејвон и почина на истиот ден во 1616 година, во својот роден град. Напиша 37 комедии, историски драми и комедии.

Во 1588 година, Шекспир се преселил во Лондон, по што многу бргу сите свои дела ги пишувал за театарот „Глоуб“, што се изградил на десната страна од Темза.

Реплика на театарот од шекспировото време е изградена во деведесетите години на 20 век, на приближно истото место, во британскиот главен град, на кое овој театар постоел и во 17 век.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска