„Љубовници“ на Катерина Коцевска в сабота премиерно во Драмски театар

Од:

Одлична претстава за која ќе се бара карта повеќе, вака Драмски театар ја најави најновата премиера „Љубовници“ по текст и во режија на Катерина Коцевска што ќе биде одиграна в сабота.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, станува збор за современа, урбана љубовна приказна во чии ситуации и реплики ќе се пронајдат многу луѓе. Играат Билјана Беличанец Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов Дац и Маја Вељковиќ Пановска.

Според актерите, текстот на Коцевска е извонреден, воопшто нема потреба нешто да му се додава или одзема. Го прифатиле веднаш штом го добиле и одлучиле секако да се постави на сцена.

– Знам дека текстот е добар, но преку изведбата на моите колеги видов дека е навистина одличен, нагласи Коцевска.

Осврнувајќи се на целиот процес на подготвувањето на претставата, напомена дека ако авторот не ги испочитува идеите, предлозите и сугестиите на глумците, нема добар проект.

-„Љубовници“ е напишана во 2009 година и кога Коцевска ни ја даде, веднаш се вљубивме во текстот и во улогите. Приказната е за гинеколог, адвокат и нивните сопруги, реча Љутков.

Претставата е копродукциска и ќе се биде ставена на редовниот репертоар на Драмски. За помлади од 16 години не е дозволена, ќе може да ја гледа само повозрасната публика.

Драмски во март, што го прогласи за Месец на театарот, секој ден ќе игра по една претстава за која билетите ќе чинат 100 денари, освен ако не се купат на денот на изведбата кога ќе бидат 150 денари.

На 4 март Драмски ќе одбележи 50 години од вселувањето во постојниот објект кој е донација на британската влада, а датира од 1965 година. На 27 март кога се одбележува Светскиот ден на театарот се предвидени три изведби, забави и изложби на книги и уметнички дела. Воедно Театарот ќе биде и бесплатно отворен за сите негови љубители, информира директорот Роберт Вељановски.

За претставата „Ждрело“ што ќе се игра на 4 март картата напомена Вељановски ќе чини само 50 денари.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска