Ликовна изложба на децата членови на ликовното студио во Ново Село

Од:

Во фоајето на Домот на Армијата во Струмица поставена е ликовна изложба на децата членови на ликовното студиот при Домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село. Станува збор за годишна изложба која е резултат на меѓуинституционалната соработка со Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

– Во ликовното студио, членовите негуваат класичен тип на уметност, реалистичен со точно прецизни пропорции и анатомска прецизност на цртеж на објектот, без разлика дали се работи за набљудување на мртва природа, пејсаж или работа по репродукција од познати автори од различни средини. Изложбата ја сочинуваат 50 ликовни творби работени во различни техники, објаснува раководителката на проектот Светлана Мазгалоска Вучетиќ.

Целта на двете институции е да се негува и афирмира ликовната уметност во аматерски рамки со тенденција за проширување и професионализација.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“