„Либертанго“ од Пјацола во МОБ

Од:

По премиерата во јуни, Македонската опера и балет вечер од 20 часот повторно за публиката ќе ја прикаже танго-балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, која ја раскажува животната приказна на овој композитор и почетоците на тангото во неговата родна Аргентина во втората деценија на 20 век.

Приказната го следи патот на италијанското семејство Пјацола – неговите родители Висенте и Асунта на кои оваа јужноамериканска земја им дала надеж за подобар живот како и на многу други италијански емигранти.

Кореограф е Сабрина Боско од Италија, режисер и либретист е Наташа Поплавска, а костимограф и сценограф е Александар Ношпал. Ќе настапат балетските солисти Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Ефтимова.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска