Летен саем на книга во „Рамстор мол“ од денеска до 12 јуни

Од:

Во „Рамстор мол“ денеска ќе почне летен саем на книга кој трговскиот центар во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го организира до 12 јуни.

Ќе учествуваат неколку издавачки куќи и книжарници (ТРИ, Просветно дело, Литература МК, Култура, Икона, Ѓурѓа, Сакам книги, Полица, Топер, Антолог, Едука Мак) и ќе бидат понудени повеќе од илјада наслови по намалени саемски цени.

Според претседателот на МАИ, Бојан Саздов, оваа година летниот саем на книга ќе биде и интерактивен со секојдневно дружење на писатетлите и авторите. Целта е, вели тој, да ја доближи книгата до читателите.

– Токму затоа оваа година нашите реномирани издавачи се погрижија да подготват уште поатрактивна саемска понуда, збогатена со многу настани, како средби со автори, потпишувања…, истакна Саздов.

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”