Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, која се смета за ремек дело на балетската класика.
„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко. Во улогата Одета/Одилија ќе настапи Марија Кичевска Шокаровска, а улогата на принцот Зигфрид ќе ја толкува гостинот од Србија Јован Веселиновиќ. Ротбарт, Игор Веланоски. Па де труа се во изведба на Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска и Гиорги Беридзе (Грузија).
Со оркестарот на МОБ ќе диригира Ѓорѓе Павловиќ од Србија.
Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.
Балетската претстава ќе биде изведена и во вторник, на 31 март, кога улогата на Одета/Одилија на сцена ќе ја донесе Мими Поп Алексова Атанасовска, а гостинот од Србија Јован Веселиновиќ ќе го толкува принцот Зигфрид и во втората изведба.