„Културен анималитет“ изложба на добитникот на наградата „Борко Лазески“

Од:

Во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба на Душан Пејчев „Културен анималитет“. Изложбата се реализира по повод наградата „Борко Лазески“ која авторот ја доби во 2013 година.

Музејот на град Скопје секоја година организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е младиот Душан Пејчев.

На својата прва самостојна изложба во Музејот на град Скопје Пејчев се претставува со пет дела во големи димензии кои го формираат неговиот проект насловен „Културен анималитет“.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“