КУД „Илинден“-Битола на фолклорен фестивал во Битбург, Германија

Од:

Главниот фолклорен ансамбл на КУД „Илинден“ од Битола од 6. до 9. јули ќе учествува на еден од најголемите фолклорни фестивали во Европа што се одржува во германскиот град Битбург.

Фестивалот во Битбург годинава се одржува по 54-ти пат и е дел од мрежата на светската организација ЦИОФФ.

На фестивалот ќе настапат фолклорни групи и ансамбли од Аргентина, Португалија, Шпанија, Франција, Холандија, Шведска, Велика Британија, Полска, Словачка, Романија, Словенија и од Грузија.

Ова е втора турнеја на КУД „Илинден“ во 2018 година, после учеството на детскиот фолклорен фестивал во Бурса, Турција во месец мај. До крајот на годината членовите на КУД „Илинден“ ќе учествуваат и на 23. фестивал во Карлови Вари, Чешка, а во август ќе остварат турнеја низ Хрватска.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска