КУД „Дримкол“ со целовечерен концерт во Литванија

Од:

КУД ,,Дримкол“ од Вевчани викендов во Вилнус, Литванија, одржа целовечерен концерт во рамки на проектот „Денови на македонската култура во Литванија“, а во организација на Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.

Како што информираа од Културно-уметничкото друштво, македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија, а солистаката Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметности во Скопје, извела македонски традиционални изворни песни.

– Овој проект е резултат на соработката и пријателството со проф. др. Надежда Черепан, редовен професор по културно наследство на Европскиот универзитет за хуманистички науки во Вилнус. Таа во последниве години редовно учествува на конференцијата за култура и туризам, која се одржува во Охрид. Важи за голем љубител на Македонија и македонското културно наследство и посака барем дел од истото да биде презентирано од страна на КУД,, Дримкол,, во Вилнус, изјави Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол”.

Во рамките на ова патување, КУД „Дримкол” реализира и три концерти во градовите Здунска Вола и Ширац во Република Полска и еден концерт во Стара Пазова во Република Србија.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска