КУД „Дримкол“ одржа целовечерен концерт во Агсу, Азербејџан

Од:

Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани одржа целовечерен концерт  на манифестацијата Денови на македонското културно наследство во Азербејџан, која од 9-ти до 11 ноември се одржува во градовите Баку и Агсу.

– КУД Дримкол во преполната сала во Агсу ја одушеви публиката со традиционални игри, изворни песни носии од различни краишта на Македонија. На концертот присуствуваа значајни личности од политичкиот свет, уметници и претставаници на Министерството за култура на Азербејџан. За прекрасниот концерт јавно на сцената се заблагодари и градоначалникот на Агсу, а два часа беа потребни за публиката по концертот да ја напушти салата, во која се сликаше со играорците на „Дримкол“, соопшти КУД од Вевчани.

Манифестацијата се одржува во престолнината Баку и во градот Агсу кој важи за културна ризница на Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска