КУД „Дримкол“ ќе ја претставува Македонија на Деновите на Македонското културно наследство во Баку

Од:

Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани ќе ја претставува Македонија  во Азербејџан на манифестацијата Денови на Mакедонското културно наследство.

Оваа манифестацијата ќе се одржи од утре до 11 ноември во главниот град на Азербејџан и во градот Агсу, кој важи за културната ризница.

Членовите на „Дримкол“ ќе настапат со целовечерна програма при што ќе се презентираат традиционални песни и ора, носии и обичаи од Македонија.

Професорот Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија ќе одржи предавање за богатото мултикултурно наследство на Македонија, последено со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.

Исто така ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културното наследство на Македонија, подготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство во Азербеџан“ ќе биде Организацијата за подршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азербејџан, предводена од  проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на Македонското културно наследство  се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска