Кроки цртежи на десет уметници во галеријата „Акантус“

Од:

Во галеријата „Акантус“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Кроки во градината”, која е дел од одбележувањето на Европската година на културно наследство и се организира со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Учесници се уметниците Горјан Ѓорѓиев, Славица Јанешлиева Бачварска, Маја Кировска, Срѓан Миќиќ, Моника Мотеска, Оливер Мусовиќ, Касиопеја Наумовска, Маја Рауник, Васко Серафимов и Тања Таневска. Инспирација за делата на оваа изложба е литературно-уметнички настан организиран на крајот на април.

– Базата за создавање на кроки цртежите на овие десет еминентни уметници беше дел од роман, расказ, поезија, текст, како модел кој низ читањето ја менуваше динамиката на сцената и интересот. Возбудата од следната сцена, следниот збор, перспективите на имагинацијата, тие, уметниците, лесно ја преточуваа во нови линии и потези, секој задлабочен во сопствената визуелизација и цртачко-наративен процес, истакнува Дијана Томиќ-Радевска, куратор на изложбата.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“