Концерт на „Танец“ на Есенските музички свечености

Од:

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер во Дом на АРМ од 20 часот ќе одржи концерт во рамки на 18. Есенски музички свечености кои ги организира Дирекцијата за култура и ументост-Скопје.

Ќе настапат оркестарот и пејачкиот хор со вокално-инструментални дела од богатата народна традиција, како и играорците на ансамблот кои ќе изведат неколку кореографии: Русинско соборско оро, Раштак, Роненка…

„Танец“, кој го носи епитетот амбасадор на македонскиот фолклор, имал над 5500 концерти на подиуми во Македонија и во светот. Неговиот репертоар го сочинуваат меѓу најпознатите игри, песни и оркестарски дела од народното творештво, како „Невестинско“, „Тешкото“, „Комитско“…

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска