Концерт на српскиот пијанист Богдан Ѓорѓевиќ

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе гостува српскиот пијанист Богдан Ѓорѓевиќ, кој ќе изведе дела од Бах, Шопен и Лист.

Во 2000 година дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад,  каде што ги завршил и магистерските студии. Во  2010 запишал докторски студии на Академијата за уметности во Белград, на отсекот драмска и аудиовизуелна уметност – креативна индустрија.

Учествувал на над 30 мајсторски курсеви и се усовршувал и соработувал со познати педагози за пијано. Реализирал голем број аудио и видеозаписи. Како исполнител на дела за пијано од Бах има снимено документарен филм „Полифонија во камен“, а како исполнител на делата од Лист ја има снимено емисијата „Со зборови, слика и музика“.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска