Здужението на Срби и Македонци-културно уметничко друштво „Бранко Чајка“ од Тетово вечерва ќе се претстави со концерт пред домашната публика. Концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово со почеток во 19 часот.
– Концертот е главната и завршна програмска активност во рамки на „Експериментално-едукативна работилница за фолклор“ која претставува проект од национален интерес во културата за 2019 година од областа на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство финансиран од страна на Министерството за култура, информираат од Здружението.
На концертот учествуваат oркестарот и фолклорната група при Здружението со игри од Македонија и Србија како и гостински културно уметнички друштва.