Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ денеска ќе одржи концерт во големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На традиционалниот настан ќе се претстават сите членови на друштвото, кое ја негува фолклорната традиција 77 години. На програмата се повеќе ора од богатиот репертоар на друштвото, со што и овојпат ќе биде претставен македонскиот фолклор.
Концерот ќе започне во 20.00 часот.
КУД „Мирче Ацев“ има настапувано на бројни фестивали во земјата и во странство, за што е добитник на повеќе награди и признанија.