Синфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од САД во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), вечерва организираат концерт на класична и џез музика во Македонската опера и балет.
Настапот ќе биде дел од турнејата на симфонискиот оркестар со наслов „American Celebration of Music in Greece and Macedonia”.
Македонската публика ќе присуствува на настапот на 150 млади професионалци и талентирани студенти на различни факултети при Густавус Адолфус Колеџот. Покрај своите студии во различни подрачја, тие се исто така дел и од музичката програма на колеџот, каде што имаат можност да ја градат својата професионална кариера во симфонискиот оркестар, џез бендот, хорот и други музички секции.