Комитет за литература: Нобеловата награда не може да биде одземена

Од:

Нобеловата награда не може да се одземе бидејќи статутите на Нобеловата фондација не ја споменуваат таквата можност, соопшти Комитетот за литература на Кралската шведска академија на науките.

Откако голем број лица и организации ја осудија одлуката на Комитетот за доделување на Нобелова награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке, од Нобеловата фондација порачаа дека Нобеловата награда не може да биде отповикана.

„Нобеловата награда не може да се одземе. Статутите на Нобеловата фондација не ја спомнуваат таквата можност. Ниту еден одбор за доделување на наградите во Стокхолм или Осло никогаш не размислувал за одземање на наградата откако ќе биде доделена“, изјави за Анадолија Микаел Остлунд, портпарол на Нобеловата фондацијата.

Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Питер Хандке, вчера беше покрената петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година.

Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-те години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жестоги негодувања и критики. На платформата Change.org покрената е петиција на овој нобеловец да му се одземе престижната награда, а како причина се посочува дека тој сесрдно го поддржувал Милошевиќ, кој „беше одговорен за неправедна смрт на стотици илјади недолжни луѓе и десетици илјади силувани жени и мажи“.

Одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература да му се додели на Хандке ја критикуваше и американскиот ПЕН Центар.

Би можело да ве интересира

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Затворениот белоруски нобеловец тврди: Русија сака Украина да биде зависна диктатура

Горан Наумовски

Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки

А1он

Сите овогодинешните нобеловци се противници на Путин и Лукашенко, со години ја критикуваат власта

А1он