Книга за османлиските пописи на македонските Евреи

Од:

Хронолошки попис на македонските Евреи, од нивното доселување во Македонија за време на Отоманската империја, содржи книгата „Македонските Евреи во османлиските пописи од XVI и од  XIX век“ на д-р Драги Ѓоргиев, кој 20 години истражувал документи за Евреите, пред се во Османлискиот архив во Истанбул.

Авторот се фокусирал само на пописите, иако има голем број други документи кои се однесуваат на Евреите во Македонија. Османлиските дефтери за пописите најмногу содржат економски податоци: број на членови во едно семејство, името и татковото име на домаќинот, занаетот со кој се занимава, имотот што го поседува и данокот што го плаќа кон државата врз основа на приходот…

Најмногу податоци за Евреите има во 16 век, а  17-ти и 18 век се празен период зашто со  опаѓањето на моќта на империјата и губењето на нејзините територии престанала праксата да се прават големи пописи на целокупното население.  Пописите од 19 век, според авторот, се блиски на попис на една современа држава.

– Овие документи го разбиваат митот за тоа дека Евреите се богати. Кога ќе се направи споредба со христијанското и со муслиманското население, ќе се види дека еврејското население е најсиромашно во Битола, Штип и во Скопје. Најголем број од нив се занимават со ситничарски занает – продаваат и купуваат ситни работи – и нивните приходи се 100-150 гроша, додека кај христијаните и муслиманите во 19 век има дури по 5.000 гроша просечен приход на добар дел од населението. Исто така, сите Евреи исклучиво живеат во градовите, само во Битола има неколку еврејски семејства со имот во околина на Битола, и тоа  ситни ниви или лозје. Кај христијаните може да се сретнат сопственици на чифлици во селата, а кај муслиманите тоа е редовна појава, рече Ѓоргиев.

Додаде дека изворите се многу интересен материјал за тие што се занимаваат со демографија и со економска историја и дека малку луѓе во Македонија ја проучуваат оваа област, а се работи за период од скоро 600 години. Според некои неформални информации, рече Ѓоргиев, во Османлискиот архив во Истанбул има околу 100 милиони документи за Македонија.

Книгата ја објави Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Ја промовираше д-р Софија Грандаковска, која истакна дека со ова научно дело на Ѓоргиев, кој е експерт по османлиско-турски јазик, се пополнува празно место во македонската наука.

– Книгата нуди досега непознати податоци за демографијата, социјалната и професионалната стратиграфија и ономастичка слика за Евреите во Скопје, Штип, Битола, Струмица и Кратово, рече Грандаковска и додаде дека книгата е корисна за проучување на генеалогијата на еврејските семејства во Македонија.

Евреите се доселелиле од Пиринејскиот Полуостров откако шпанската инквизиција ги протерала во 1492 година. Ги примила Отоманската империја и Евреите (Сефарди и Ашкенази) најмасовно на Балканот  се доселувале во 15-ти и особено во 16 век.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска