Ќе се ревитализира „Китино кале” во Кичево

Од:

Советот на општина Кичево одлучи финансиски да ја поддржи ревитализација на туристичкото место „Китино кале”. Дарко Белески од општина Кичево, истакна дека ревитализацијата ќе се прави со грант од Европската унија, вреден 37 милиони денари, а општината ќе помогне со 10 проценти од вкупната вредност на проектот.

На денешната седница на општина Кичево, беше разгледана информацијата од Комисијата за животна средина за состојбата со загадувањето на воздухот што се случи пред извесен период од РЕК „Осломеј”, која бара институциите писмено да одговараат за причината за настанатата ситуација со загадувањето, како и да се посочат мерките што ќе бидат преземени за ваквите случувања да не се повторат.

Во наредниот период до општинскиот Совет ќе биде доставен детален извештај од страна на надлежните органи од РЕК „Осломеј”, но и од Министерсвото за животна средина.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка