„Кавкаски круг со креда“ премиерно во Драмски

Од:

Во Драмски театар задутре вечер ќе биде премиерно изведена претставата „Кавкаски круг со креда“ од Бертолд Брехт.

Режисер е Златко Славенски кој исто така се погрижи и за сценографијата, а улогите ги толкуваат Васил Зафирчев, Сања Арсовска, Благој Чоревски, Борјан Давковски, Рубенс Муратовски, Диме Илиев, Роберт Вељановски, Филип Трајковиќ,… Костимите се на Елена Дончева, додека оригиналната музика од Пол Десо што се користи во претставата ја адаптираше Игор Василев Новоградска.

– Направивме приказна што потсетува дека во огромната џунгла на мрак, лудило, зло и несреќи, човекот успева да преживее, слушајќи го исконското, суштината, доброто во себе, срцето, рече Славенски на денешната прес-конференција по повод премиерата.

Целта на претставата, додаде, е пред публиката да се отвори аспектот „човештина“ што во денешно време често се заборава.

– Се обидовме да го доловиме она што Брехт го напишал пред 70-тина година, а што е актуелно и денес, истакна Чоревски.

Според Зафирчев кој по седум години повторно соработува со Драмски, исклучително е важна можноста домашната публика да се воспита за правење и читање поинаков театар, а тоа го овозможува токму овој текст на Брехт кој длабоко, трогателно задира во човечката душа.

– По претставата очекувам секој посетител да почне да копа по своето тело и да го најде делот во кој е сокриена хуманоста, рече Арсовска.

„Кавкаски круг со креда“ на Славенски првпат беше изведена на годинашното Охридско лето. Како што најави в.д. директорот Вељановски, утре, од 11 до 14 часот, цепелин со два рекламни панела ќе лета од Сити мол до Градскиот плоштад. Вечерта, пак, во сабота, пред почетокот на премиерата цепелинот ќе биде пред Драмски.

Оваа претстава е трета премиера на Драмскиот театар годинава.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска