Карневалските маски „Холандија на дланка“ и „Разиграни сложувалки“ учествуваа на Фестивалот на мимозата во Херцег Нови

Од:

Карневалските маски „Холандија на дланка“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Разиграни сложувалки“ на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“ учествуваа на карневалот во Херцег Нови, Црна Гора, кој се одржува во рамките на Фестивалот на мимозата.

Настапот на двете карневалски групи предизвика голем интерес не само кај публиката, туку и кај тамошните медиуми и уште еднаш се потврди високото ниво на креации по кое Струмичкиот карневал е познат и признат и надвор од нашата земја.

За двете струмички карневалски групи, како и за раководството на струмичкиот карневал, беше организиран прием во вилата „Галеб“ во Игало, која ја користеше Јосип Броз Тито во времето на поранешната СФРЈ.

Инаку, годинашното осумдневно издание на Интернационалниот струмички карневал почнува в среда, а главната карневалска вечер ќе се одржи на 1 март, в сабота.

Би можело да ве интересира

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Три лица тешко повредени на карневал во Лондон

Горан Наумовски

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Откажан карневалот во Струмица

Ана Ололовска

Нема откажување на Струмичкиот карневал, ќе се следат препораките од надлежните

А1он

Во Струмица почнуваат карневалските празнувања

Ана Ололовска