Струмичкиот карневал ќе одбележи три децении организирано постоење

Од:

Годинашното издание на Интернационалиниот Струмички карневал годинава ќе помине под мотото „30 години ѕвезда под небото“ со што ќе бидат одбележани три децении од организираното постоење на еден од најпознатите европски карневали. Годинашниве осумдневни карневалски празнувања почнуваат на 26 февруари со симболичното предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот, а завршуваат на 4 март.

На првиот ден ќе се одржи и свечена седница на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, на која ќе биде промовирана монографија по повод јубилејот и ќе се доделат признанија. Ќе биде отворена и ретроспективна изложба „Струмички карневал триесет години ѕвезда под небото’.

На 27 февруари месец ќе бидат објавени резулатите од конкурсот на тема карневал што го организира струмичката библиотека, потоа изложба на фотографии од ланскиот карневал и традиционалниот концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица.

Со традиционалниот маскенбал (28 февруари) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (29 февруари) на Интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на карневалот.

Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 1 март на плоштадот во Струмица, а на втори март е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.

Претпоследниот карневалски ден на 3 март е резервиран за проекција на документарни филмови за обичаи под маска во Европа, презентација на Тримерскиот обичај и Тримерска карневалска забава, како и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

Карневалските празнувања ќе завршат на 4 март со Тримерски ручек и враќањето на клучот од градот од карневалистите на градоначалникот.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски