„Кападокија отсликувања“, изложба на Симон Калајџиев во Јавна соба

Од:

„Кападокија отсликувања“ е насловена изложбата на академскиот сликар Симон Калајџиев што вечер ќе биде отворена во Јавна соба. Цртежите се изработени за време на неговиот престој во Кападокија и се стилизирани пејзажи со акцент на уникатни одлики од тој предел. Делата се изработени на хартија во повеќе различни техники – акварел, акрил, темпера, восочни бои и сув пастел. 

– Кападокија е предел со неверојатен релјеф и со уникатно историско и културно наследство. Додека се шетав се чувствував како да гледам дисекција на историјата. Особено се инспирирав од стилизираните цртежи на ѕидовите во подземните цркви од иконоборниот период, вели Калајџиев.

Симон Калајџиев дипломирал  на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2009 година во класата на проф. Рубенс Корубин. Зад себе има пет самостојни изложби, а учествувал и на дванаесет групни претставувања во земјава и во странство. Омилена тема му е урбаниот пејзаж.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“