КУД „ Глигор Прличев“ од Ѓорче Петров утре во Центарот за култура во општината ќе го одржат својот 2.000 концерт.
Во ова културно уметнико друштво кое е формирано во далечната 1945 година и до денес работи активно, членуваат триста млади луѓе вљубеници во македонскиот фолклор.
Во својата биографија КУД „ Глигор Прличев“ може да се пофали и со 500 турнеи надвор од Македонија на кои достојно и на високо професионалн ниво го претставуваше нашиот фолклор и воедно се здоби и со многу награди, информира општина Ѓорче Петров.
На концерт што ќе започне во 19 часот ќе гостуваат и КУД „ Соколи“ од Софија, Република Бугарија.