Изведба на операта „Дон Џовани“ со солисти од Италија

Од:

Македонската опера и балет вечер ќе го изведе популарното оперско дело од Моцарт „Дон Џовани“. Во најновата изведба диригент ќе биде Џанлука Мартиненги од Италија, кој е шеф-диригент во МОБ за оваа сезона.

Во претставата учествуваат солисти од Италија – во насловната улога ќе настапи Лука дел Амико, а гости се и неговите сонародници Роберто де Кандиа (Лепорело) и Џорџо Труко (Дон Отавио). Во екипата се и македонските солисти: Александар Стефановски (Комендаторе); Благица Поп-Томова (Дона Ана); Злата Тошевска (Дона Елвира); Гонца Богоромова (Церлина) и Васко Здравков (Мазето).

„Дон Џовани“ е опера во два чина со музика од Моцарт и италијанското либрето на Лоренцо да Понте, а се базира на легендите за Дон Жуан – измислен развратник и заводник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет