Најстариот комплетен примерок од Десетте Божји заповеди во светот е изложен во израелскиот Народен музеј на изложба посветена на предметите, кои го одбележале човештвото.
Две илјади години старите свитоци од Мртвото Море и припаѓаат на колекцијата најстари светски библиски ракописи, откриени во близина на тоа море.
Мошне старите и кревки ракописи прв пат се изложени во Израел, а во странство биле прикажани само на неколку куси изложби.
Публиката во Израел ќе може да ги види, заедно со најстарите познати остатоци од логорски оган и семеен погреб, најстариот срп и некои најстари сочувани монети.
Директорот на музејот Џејмс Снајдер изјави дека голем дел од изложените објекти се пронајдени во Израел изминатите години и јавноста никогаш претходно не ги видела.
Со изложбата, која е отворена минатата недела се одбележуваат 50 години од постоењето на Народниот музеј на Израел.