Изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“ отворена во Европскиот парламент во Брисел

Од:

Во организација на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Католичката црква во Македонија, а на барање на европратеничката Маријана Петир, на 4 декември 2018 во просториите на Европскиот парламент во Брисел беше отворена изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“.

Изложбата беше дел од отворањето на Европскиот молитвен доручек, како и дел од настаните кои го означуваат завршувањето на Европската година на културното наследство.

Во рамките на изложбата изложени се 24 колажи кои го претставуваат животниот пат на најголемата хуманитарка на XX век, почнувајќи од нејзиното детство и младост во Скопје, до нејзината канонизација, односно прогласување за светица.

На отворањето беа присутни претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, пратеничката Маријана Петир, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза Ариан Асланај како и бројни претставници на Европскиот парламент. Изложбата ја отвори бискупот Киро Стојанов кој во својот говор нагласи дека Европа има потреба од срцето на Мајка Тереза за да опстане и остане Европа доследна на својата култура.

Директорот на НУ Спомен куќа Мајка Тереза г-дин Ариан Асланај во своето обраќање ги повика присутните да го посетат меморијалниот музеј во Скопје кој е единствен музеј во светот посветен на Мајка Тереза. Овој проект на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Пожар во бараката на Управата на Клиничкиот центар во Скопје

Индија забрани организацијата Мајка Тереза да се ​​финансира од странство

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

А1он

Почнува културната манифестација „Светлото на Гонџе“

Ана Ололовска

Со свечена академија завршуваат 21. „Денови на Св. Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Џафери: Мајка Тереза е симболот на бескрајната хуманост, на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните и сиромашните

Ана Ололовска