Изложбата „IMposter“ на Маријана Иванова во Софија

Од:

Во изложбениот простор на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „IMposter“ на Маријана Иванова.

Изложба е дел проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија и се состои од 23 плакати од нејзините дипломски проекти.

Седум од плакатите се инспирирани од романите на нобеловецот Херман Хесе и беа дел од изложбата на летната академија во Дом Витгенштајн во Виена, Австрија во 2017 година, и дел од „IMposter“, првата самостојна изложба на Маријана Иванова. Останатите 16 се филмски плакати.

Маријана Иванова е родена во Кочани. Додипломските студии ги завршила на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија на катедрата „Плакат и визуелна комуникација“ во 2017 година. Оваа година магистрира на истата катедра, смер – плакат.

Има учествувано на 79 групни изложби во 23 земји во светот, од кои 39 се изложби од интернационални конкурси за плакат, селектирани од страна на врвни светски плакатисти и дизајнери. „IMposter – Поврзување“ ќе биде нејзината седма самостојна изложба, по претставувањата во Виница, Кочани, Штип и Благоевград во рамите на изминатите две години. Добитник е на пет награди.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“