Изложба за уништувањето и обновата на Варшава

Од:

Музејот на Град Скопје во соработка со Амбасадата на Полска во Македонија вечер ќе ја отвори изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“.

Изложбата содржи 36 паноа на кои преку документарни фотографии и текст е проследена историјата на градот Варшава во неколку периоди: Предвоен период (до 1939), Воен период (1940-1945), Период на Бирото за обнова на Варшава и Социјалистичкиот период (повоена Варшава до 1955), а завршува со панорама на Варшава денес.

– За времетраењето на изложбата посетителите ќе проследат и документарен филм кој визуелно не запознава со содржината на изложбата. Преку подвижните слики тие ќе имаат можност одблизу да ја доживеат историјата на Варшава во едно драматично историско време за градот, кој од пепелта на безмилосната војна се издигнал како феникс, соопшти Музејот на Град Скопје.

Изложбата е дел од архивата на Бирото за обнова на градот Варшава и е вброена во престижната меѓународна листа „Меморија на светот“.

Изложбата ќе ја отвори директорот на Музеј на Град Скопје Љубен Тевдовски, а најавени се и обраќања на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, амбасадорот на Полска во Македонија Јацек Мултановски и заменик-директорот на Бирото за култура на град Варшава, Магожата Наимска.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“