Изложба за јубилејот 25 добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ за архитектура

Од:

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ го вреднува и негува архитектонското творештво, а исклучително ја почитува работата и улогата на оние кои создаваат архитектура. Изложбата е посветена на 25 архитекти – автори, членови на Архитектонската Академија – АА при ААМ.

Архитектонската академија на ААМ е институција во која членуваат архитекти, добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителските вештини “Андреја Дамјанов“. Наградата се доделува еднаш годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмацијата на архитектурата како во Република Македонија така и во меѓународни рамки.

Наградата е воспоставена во 1989 г. ААМ ќе организира изложба по повод јубилејот 25 добитници на “Андреја Дамјанов“. Изложбата е помогната од Министерство за култура и Музејот на град Скопје. Свеченото отварање е на 12 мај (вторник) 20 часот во Музејот на град Скопје.

„Изложбата е значајна е од две причини како јубилеен и творечки чин. Прво, како јубилејна изложба на која се претставени 25 членови на АА, добитници на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов“. Архитекти кои поставувале правилни прашања и давале правилни одговори.

arhitektiizlozba

Второ, како визуелно сведоштво за нивното остварено дело и творечка сила. Со своите архитектонски интерпретации на човековата и општествената стварност создале еден висок критериум не само на практично, утилитарно ниво, туку и еден висок степен на уметничко остварување. Секој од лауреатите оставил кај сите нас трага, создал слика, прва асоцијација воведувајќи ја архитектурата во теоријата, праксата, етиката и естетиката. Јасоздале единствената архитектонска вистина – изградениот објект. Преку своитереализации докажале со практичен творечки ум, соработка на науката и уметностакако се создава архитектура со функција, содржина, композиција, форма, па и некој вид човечки идеал.

Тие создале единствено опкружување каде центарот на архитектурата е човекот. Создале архитектура која не е убава претстава, туку е убава стварност. “, се вели во соопштението на ААМ.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“