Изложба за „Ѕвончари“ и последниот битолски ѕвончар Иван Илиевски

Од:

НУ Завод и Музеј-Битола денеска ја претстави авторската изложба „Ѕвончари“ на Мери Стојанова, вработена во битолскиот Музеј и документарниот филм посветен на последниот битолски ѕвончар Иван Илиевски.

Ѕвоното по својата функционална и употребна вредност претставува еден од ретките предмети кој ја зачувал својата функција уште од откривањето на најстарите ѕвона во светот, односно 8-9 век пред нашата ера, истакна авторката Мери Стојанова на промотивниот настан во Битола.

– Најстарите ѕвона во Битола датираат од римскиот период или 2-4 век од нашата ера кои се пронајдени во Хераклеја, додека пак првите ѕвончари-леари во Битолс се регистрираат во текот на 19 век кои освен ѕвонци, изработувале и клопотарци и „клакачиња“, но и прапорци со различни големини и намени. Влијанието на засилената индустријализација е една од најголемите причини што денес остана само еден и едиствен ѕвончар во нашиот град, а тоа е Иван Илиевски чиј дуќан опстојува во улицата на ѕвончарите во Битола, посочи авторката Стојанова.

Изложбата, каталогот и филмот за ѕвончарите ги промовираше и отвори Ели Луческа, директорка на Институтот за старословенска култура-Прилеп, која нагласи дека продорниот звук на ѕвоното има долг културно-иториски развој, но својот најпотполн израз го пронашол во православното христијанство како симбол на духовата моќ и слобода.

– Изложбата „Ѕвончари“ и елаборатот за прогласување на ѕвончарскиот занает во Битола како заштитено културно добро ќе го свртат вниманието на јавноста и надлежните институции и ќе го распламти единственото огниште од ѕвончарот Иван Илиевски во некогашната битолска улица на ѕвончарите за со децении, па и столетија нанапред да го слушаме исконското ѕвонење на ѕвоната и клопотарците, но и одѕвонувањето на камбаните, истакна Луческа.

Изложбата и каталогот „Ѕвончари“ чиј издавач е НУ Завод и Музеј-Битола, се финансирани од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“