Изложба „Времелов“ на Ана Ивановска во Кичево

Од:

Во Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин” – Кичево вечер ќе биде отворена изложбата „Времелов“ на академската уметничка Ана Ивановска.

Родена е 1982 година во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2006) во класата на проф. Благоја Маневски, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација. Во 2007 година ги завршува испитите за педагошко-психолошка и методска подготовка на Педагошки оддел. Постдипломските студии на отсек сликарство ги завршува во 2011 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје кај проф. Благоја Маневски.

Член е на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) и еден од основачите на уметничката група и уметничкиот простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. во Скопје, 2009 година, како и еден од седумте членови на групата МОМИ основана во 2012 год. Добитник е на наградата „Денес“ за млад ликовен уметник од Центарот за современи уметности (ЦАЦ) во 2008 год. како и на неколкуте стипендии за уметнички престој на резиденс програмите во Париз (2014), Виена (2011) и Њујорк (2009). Ана беше претставник на Македонија на интернационалниот натпревар на 7-мото издание на Франкофонските игри во област скулптура – инсталација во Ница, Франција, во 2013 година.

Нејзините дела се претставувани на повеќе самостојни и групни изложби, проекти, перформанси, колонии, уметнички работилници во Македонија (Скопје, Штип, Виница, Куманово, Кавадарци, Охрид, Гевгелија, Берово) и надвор од земјата (Њујорк (САД), Канада, Франција, Холандија, Данска, Русија, Монголија, Кина, Австрија, Италија, Азербејџан, Чешка, Црна Гора, Косово, Хрватска и Бугарија).

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“