Изложба во Скопје по повод 52 години од Елисејскиот договор

Од:

Амбасадите на Германија и Франција во Скопје вечер со изложбата „Диктатура и демократија во ерата на крајностите – Сеќавање и спомнување“ ќе одбележат 52 години од потпишувањето на Елисејскиот договор.

Изложбата во Чифте Амам дава преглед на еден век од европската историја. Таа го раскажува 20. век како драматична приказна меѓу слободата и тиранијата, меѓу демократијата и диктатурата. Плакатите се на германски јазик, брошурите на француски, македонски и албански јазик. Фотографиите потекнуваат од многу европски архиви.

Со потпишувањето на Елисејскиот договор тогашната Сојузна Република Германија и Република Франција го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 52 години. Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.

Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на владино ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат обострана размена на државни службеници и воспоставија меѓуминистерска комисија за соработка. Постојат голем број збратимени градови, а во тие рамки и соработка меѓу граѓанско-општествените организации. Поради нејзиниот посебен карактер, германско-француската соработка игра важна улога во процесот на европската изградба, а со тоа на Германија и Франција им припаѓа и значајна улога во врска со македонското доближување на Европската Унија.

Германско-француското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставуваат плоден развој за сите. Воедно со потпишувањето на Елисејскиот договор беше основана и Германско-француската младинска организација (ДФЈВ), која оттогаш поврзуваше безброј германски и француски млади луѓе. ДФЈВ реализира проекти и во трети земји, а меѓу нив и во Македонија.

Елисејскиот Договор меѓу Германија и Франција е потпишан на 22 јануари 1963 година помеѓу канцеларот Аденауер и претседателот Де Гол.

Изложбата во Чифте Амам ќе ја отворат амбасадорката на Сојузна Република Германија, Кристине Алтхаузер и амбасадорката на Република Франција во Скопје, Лоренс Оер, вечер во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“