Изложба „Уметноста на неуспехот: афективни странци“ во Мала станица

Од:

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечер ќе биде отворена изложба „Уметноста на неуспехот: афективни странци“ во организација на Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Се работи за групна изложба која ангажира дел од најзначајните македонски современи уметници, со цел да ги истражат, проблематизираат и преосмислат потенцијалите за продукција на алтернативни и нехегемонски социјални и културни светови. Учествуваат уметниците Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Нада Прља, Јане Чаловски, Неда Фирфова. Куратор е Славчо Димитров.

– „Уметноста на неуспехот: афективни странци“ ја преиспитува човековата ранливост, неизвесност и изложеност како можни основи за нови разбирања на тоа што не дефинира како луѓе и кои се нашите споделени услови врз основа на кои сме поврзани со другите и преку кои ја замислуваме и градиме заедницата вон насилните тоталитарни, хомогенизирачки и есенцијалистички политички и етички модели… соопшти организаторот на изложбата.

Таа ќе биде проследена со публикација во која ќе бидат застапени преводи на некои од најзначајните текстови во областа на родовите и квир теориите. Публикацијата ќе биде промовирана на 20 декември.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“