Изложба „Смилков-цртежи и скулптури“

Од:

Изложбата „Смилков-цртежи и скулптури“ на Александар и Никола Смилков вечер ќе биде отворена во галерискиот простор на Младинскиот културен центар. Ќе бидат претставени 22 скулптури и 15 цртежи.

Делата кои ќе бидат претставени се дел од творештвото на академскиот вајар Александар Смилков (1944-1992), кој дипломирал на ликовната академија во Белград, во класата на Мича Поповиќ и дела на неговиот син Никола Смилков, вајар кој магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Драган Попоски-Дада. Делата на Александар Смилков се избор од неговото целокупно ликовно творештво.

По смртта на Александар Смилков, ова ќе биде прва изложба на негови дела по 22 години.

Делата на Никола Смилков ќе бидат придружни скулптури на скулптурите на неговиот татко. Тој денес работи како професор на Факултетот за образовни науки и Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и е претставник на современото македонско вајарство. Неговите дела се од различен формат – од минијатури до монументални скуптури. На изложбата ќе се претстави со скулптури изработени во мермер и бронза во галериски формат и минијатури.

Организатори на изложбата се Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Младинскиот културен центар од Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“