Изложба „Охрид/поглед од другата страна“

Од:

Изложбата „Охрид/поглед од другата страна“ денеска ќе биде отворена во Музејот на Република Северна Македонија, во организација на Центарот за креативни индустрии – НЕБО од Суводол, Демир Хисар.

Изложбата се реализира во рамките на проектот „Многу луѓе – многу погледи“, којшто беше селектиран помеѓу десетте најдобри приказни на повикот „Приказни за европското културно наследство“ и е финансирана од страна на програмата „Европски денови за културното наследство“, поддржана од Советот на Европа и Европската комисија.

-Целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како дел од заедничкото европско наследство, преку очите на една маргинална група – психијатриски пациенти хоспитализирани во Психијатриската болница во Демир Хисар. Идејата да се вклучат лица со ментални болести е заснована врз европските вредности за почитување на слободата, демократијата, еднаквоста и почитувањето на човековите права, вредности кои еднакво важат за секоја единка во светот во кој живееме, наведуваат организаторите.

На изложбата „Охрид/поглед од другата страна“ ќе бидат поставени ликовни дела и фотографии на група психијатриски пациенти, кои учествуваа во две работилници и за кои беше организиран тридневен престој во Охрид и разгледување на неговото културно наследство. Преку практична работа, учесниците имаа можност добиените знаења, созреани низ личното доживување, низ спознанието и идејата за културното богатство, да ги преточат во визуелна форма.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“