Изложба „Од животот на Ромите“

Од:

Во галеријата „Ко-Ра” во Домот на културата „Коцо Рацин” во Скопје вечер ќе биде отворена  изложба насловена „Од животот на Ромите“ со дела на уметници инспирирани од културата на живеењето на ромската популација низ  светот, од нивните обичаи, традиција, од танцот и музиката и од филмските остварувања поврзани со Ромите.

Ќе бидат претставени дела на Тони Шулајковски, Евгениј Пантев, Петра Јовановска, Мирослав-Мишо Велљковиќ, Гроздан Крстевски, Сашо Ацковски, Ленче Коцевска, Марија Светиева, Анета Ивановска Симјановска, Маја Николовска, Маја Танева…

Делата се работени во повеќе техники, како масло на платно, пастели, комбинирани техники, графика…  Изложбата ќе биде отворена до 20-ти овој месец.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“