Изложба од колинијата „Карпино 2014“ во Куманово

Од:

Изложбата на слики од колонијата „Карпино 2014“ беше отворена вечерва во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

На изложбата се презентирани 34 дела од продукцијата на уметници од Македонија, Србија, Бугарија и од Белгија  кои учествуваа  на 12-тата колонија која се одржа во јули годинава.

– Уметниците инспирацијата ја црпеа од манатстирот Карпино, но и од останатите значјани културно-историски знаменитости, манастири и цркви од Кумановско, рече Зоран Павловски, претседател на мултимедијалното здружение „Карпино“.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски кој истакна дека општината постојано ги поддржува граѓанските организации кои ја негуваат уметноста и културата во градот, меѓу нив и мултимедијаното здружение „Карпино“.

– Здружението преку оваа колонија го промовира светилиштето од 16-тиот век, познато како препишувачки центар во тој период. Ова здружение го промовира како културен центар, рече Дамјановски.

Тој се надева дека ќе се возобнови конакот и ќе се создадат услови за творештво. – Куманово е водечка точка на модерното македонско сликарство. Тука се одржуваат четири колонии, додаде Дамјановски.

Делата од меѓународната ликовна колонија „Карпино“ во Центарот за култура ќе бидат поставени во наредните две недели. Организаторите најавија дека до крајот на оваа и почетокот на идната година изложбата ќе биде презентирана и во други градови од државата.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“