Изложба „Од ѕид до платно“ на Дејан Давчевски

Од:

Во МКЦ вечер ќе биде отворена првата самостојна изложба на Дејан Давчевски насловена „Од ѕид до платно“.

Изложбата на Давчевски ги одразува промените кои ги минавме изминатите две години, а неговите дела се потпираат на геометриските форми, кршејќи ги или формирајќи ги во нивните првобитни состојби, со што ја пронаоѓа и љубовта кон ваквото сликарство.

Дејан Давчевски е роден на 20.5. 1996 во Скопје. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика, а своите студии ги продолжил на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел Ликовна педагогија, модул Графика, под менторство на проф. д-р Трајче Блажевски.

Неговата уметност се врти околу графити-културата и урбаната уметност, често пати пресликувајќи мотиви од секојдневито. Најчести медиуми во неговото творештво се платното и ѕидот, па така наоѓа начин да ја искористи естетиката од графитот и да ја употребува на платно, бидејќи пристапот е сличен.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“