Изложба на Живка Коцева-Караџовска во Москва

Од:

Во Државната установа „Московски дом на националностите“ во Москва отворена е самостојната изложба на македонската уметница Живка Коцева-Караџовска.

Изложбата насловена како „Моќта на енергијата и нејзината трасформација – Помеѓу“ содржи 36 слики работени во комбинирана техника (масло и акрил).

Коцева – Караџовска првпат изложува во Москва, а изложбата ќе биде отворена до 22 април.

На отворањето присуствуваа уметници и почитувачи на ликовната уметност, писатели, артисти, студенти и пријатели на Македонија како од Москва, така и од градовите Звенигород и Долгопрудниј. На отворањето се обратија претставник од македонската Амбасада во Руската Федерација и Олга Панкина, познат популаризатор на македонската култура во Русија. За ликовните дела на уметницата говореа руските сликари Александар Белугин, куратор на литературниот клуб „Подвал 1” и Светлана Орлова, претседател на група уметници „Соло” при Професионалниот сојуз на ликовните уметници на Русија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“