Изложба на Владо Костов во АРТ-центарот во Скопје

Од:

Изложба на дела од уметникот Владо Костов ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Центарот за современа уметност АРТ од Скопје.

Постановката ја сочинуваат скулптури изработени од старо отпадно железо, што е и претпознатлив израз на Костов.

Владо Костов – Ваце е роден 1968 година во Скопје каде завршува на училиштето за применета уметност “Лазар Личеновски”. По завршувањето на училиштето во 1987 година заминува во Лондон во студиото за анимација и карикатура Hollywood Road Film Production работејќи како цртач – соработник  на Дарко Марковиќ.

Во 2005 година Костов го открива својот оригинален уметнички израз со изработката на првата негова скулптура од отпадно железо посветена на легендата на џезот – саксофонистот Чарли Паркер. Имено, со оваа скултура тој е дел од мултимедијалниот проектот „Омаж за Чарли Паркер“.

Костов е автор на неколку самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби.

Центарот за современа уметност АРТ е сместен во зградата на бизнис центарот ОРКА Холдинг.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“